Идниот месец - трет јавен повик за ИПАРД

Bez autora
Jan 31 2011

Во втората половина на февруари ќе биде објавен третиот јавен повик за доставување барања за користење финансиски средства од петтата компонента на Инструментот за претпристапна помош за рурален развој на Европската Унија - ИПАРД програма за периодот 2007-2013 година. Како што стои во најавата на интернет-страницата на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, со третиот јавен повик што ќе трае 45 дена од денот на објавување во дневните весници, на располагање ќе бидат ставени 20,72 милиони евра од кои 75 отсто се придонеси од ЕУ, а 25 проценти се од Буџетот на Република Македонија и ќе бидат пресметани во денарска противвредност со важечки курс за февруари 2011. Финансиските средства се наменети за инвестиции на земјоделските стопанства со цел нивно преструктурирање и надградба за постигнување на стандардите на ЕУ, за инвестиции за преработка и маркетинг на земјоделските и рибни производи со нивно преструктурирање и надградба за достигнување стандардите на ЕУ и за диверзификација и развој на руралните економски активности.

Идниот месец - трет јавен повик за ИПАРДВо втората половина на февруари ќе биде објавен третиот јавен повик за доставување барања за користење финансиски средства од петтата компонента на Инструментот за претпристапна помош за рурален развој на Европската Унија - ИПАРД програма за периодот 2007-2013 година, јави МИА.

Како што стои во најавата на интернет-страницата на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, со третиот јавен повик што ќе трае 45 дена од денот на објавување во дневните весници, на располагање ќе бидат ставени 20,72 милиони евра од кои 75 отсто се придонеси од ЕУ, а 25 проценти се од Буџетот на Република Македонија и ќе бидат пресметани во денарска противвредност со важечки курс за февруари 2011.

Финансиските средства се наменети за инвестиции на земјоделските стопанства со цел нивно преструктурирање и надградба за постигнување на стандардите на ЕУ, за инвестиции за преработка и маркетинг на земјоделските и рибни производи со нивно преструктурирање и надградба за достигнување стандардите на ЕУ и за диверзификација и развој на руралните економски активности.

Со досегашните два јавни повика за ИПАРД, првиот објавен во декември 2009 година, а вториот во септември лани, беа понудени вкупно 64,3 милиони евра, односно 24,3 милиони евра на првиот оглас и уште 40 милиони евра на вториот.

Во текот на 2011 година ќе бидат објавени три ИПАРД-огласи.

Целта на ИПАРД-програмата 2007-2013 е преку соодветни мерки за поддршка на земјоделството и руралниот развој да се подобри конкурентноста на земјоделското производство и земјоделско-прехранбениот сектор.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik